вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Потврдено обвинението против Мика Алексиќ

Потврдено обвинението против Мика Алексиќ

На седницата на Високиот суд одржана во Белград на 29 јуни 2021 година, Вонсудскиот совет на Високиот суд во Белград донесе решение со кое се потврдува обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград против обвинетиот Мирослав Алексиќ, обвинет со сторени повеќе кривични дела на продолжено силување, како и повеќе кривични дела недозволена сексуална активност.

Испитувајќи го обвинението на Вишото јавно обвинителство, Кривичниот вонсудски совет зазеде став дека доказите собрани во текот на предистражната и истражната постапка даваат доволна основа за да се заклучи дека обвинетиот е оправдано сомнителен дека ги сторил кривичните дела.

Против ова решение, обвинетитот и неговиот бранител може да изјават жалба до Апелациониот суд во Белград, во рок од три дена од денот на приемот на решението.