четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мата го продолжи договорот со Манчестер јунајтед на една година

Мата го продолжи договорот со Манчестер јунајтед на една година

Фудбалерот за врска Хуан Мата потпиша нов договор со Манчестер јунајтед.

Новата соработка на 33-годишниот Мата со Манчестер треба да трае до 2022 година.

Мата премина во Јунајтед од Челзи во јануари 2014 година. За тоа време, Шпанецот одигра 273 натпревари за „црвените ѓаволи“, постигнувајќи 51 гол.

Премиерлигашот од „Олд Трафорд“ во новата сезона влегува со амбиции да создаде конкурентен тим за шампионската титула. (МИА)