четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Еврејски магионичар тврди: Со телепатија успеав да го натерам Милер да промаши против Англија

Еврејски магионичар тврди: Со телепатија успеав да го натерам Милер да промаши против Англија

Англија успеа конечно да ја совлада Германија, но резултатот може да биде различен доколку не беше големото промашување на Томас Милер.

Англичаните признаа дека имаа многу среќа во таа ситуација, но постојат и оние кои мислат дека за промашувањето е заслужно нешто друго. Најбизарното објаснување пристигнува од Ури Гелер, еврејско- британски илузионист и магионичар. Тој тврди дека е заслужен за промашувањето на Милер.

„Нема ни тронка сомнеж во мојот ум дека јас сум заслужен за промашувањето на Милер. Таман се спремав да одам на театар, кога видов дека мојот зет го следи мечот на својот мобилен. Во моментот кога Милер се подготвуваше да шутира, повикав: Еден, два, три- вели Гелер“ и додава:

„Тоа може да ви го потврди и човекот кој свири саксофон, тој беше присутен цело време. Кога видов дека Англија победи, истрчав на бината и сите аплаудираа. Ако го погледнете ударот во успорена снимка, ќе бидете запрепастени од тоа што го гледате. Моќта на умот не може да се опише.“

Инаку, ова не е прв пат Гелер да тврди дека неговите магични способности се заслужни за исход на фудбалски натпревар. За време на ЕУРО 1996, кое се играше во Англија, во текот на мечот кој се играше меѓу домаќините и Шкотска, се возел над Вембли во хеликоптер. Тврди дека тогаш со помош на психохипноза пеналот на Гери МекАлистер го претворил во промашување.

„Тогаш и викнав на топката да се помести, наместо да сврти“- заклучува магионичарот.