четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ширер за ситуацијата со Имобиле: Жално и срамно!

Ширер за ситуацијата со Имобиле: Жално и срамно!

Италија вчера се пласираше во полуфиналето на Европското првенство со победата во Минхен против Белгија од 2:1.

По натпреварот се коментира и потегот на Чиро Имобиле кој претходеше на голот на Италија. Имобиле лежеше на тревата жалејќи се на повреда, но кога Барела погоди тој стана како да не му е ништо.

Снимката брзо се рашири на социјалните мрежи, а голем дел од јавноста го осуди напаѓачот на Лацио. Еден од критичарите беше легендарниот англиски напаѓач, Алан Ширер.

„Воошпто не сакам да се смеам на ова затоа што е жално. Може да се види и како гледа ко нсудијата пред да падне. Жално и срамно“, искоментира Ширер.