четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лук Шо израмни рекорд на Дејвид Бекам во дресот на репрезентацијата на Англија

Лук Шо израмни рекорд на Дејвид Бекам во дресот на репрезентацијата на Англија

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо одлично игра на репрезентативно ниво особено на Европското првенство каде неговата селекција Англија се пласираше во полуфиналето.

Шо на мечот против Украина кој Англија го доби и повеќе од лесно со убедливи 4:0 запиша две асистенции и беше меѓу најдобрите играчи на теренот на „Олимпико“ во Рим.

Левиот бек запиша две асистенции за погодоците на Хари Кејн и Хари Мегваер и со тоа стигна до бројката од вкупно три асистенции на Европското првенство. Со ваквата бројка, Шо се израмни со некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам кој досега го држеше рекордот за најмногу асистенции на едно Европско првенство како член на селекцијата на Англија.