четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Ново поскапување на бензините од полноќ

Ново поскапување на бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетикадонесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 % во однос на Одлуката од 28.06.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува и останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.06.2021 година .

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,567 ден/кг и сега ќе изнесува 37,719 ден/кг.

Од 6.7.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,719 (денари/килограм)