четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчини: Се надевам дека вие од медиумите барем сега сте во право, би сакал да е така !

Манчини: Се надевам дека вие од медиумите барем сега сте во право, би сакал да е така !

Селекторот на Италија, Роберто Манчини не ја гледа својата селекција како фаворит против Шпанија иако медиумите во неговата земја тврдат дека „аѕурите“ се фаворити против „фуријата“.

Манчини со насмевка на лицето посака медиумите да се во право кога тврдат дека Италија е фаворит.

„Би сакал да сте во право, барем еднаш и сега … Знаете дека нема лесни натпревари, нема ни сега да биде лесно, за да победиме мора да одиграме извонреден натпревар, Шпанија има одличен тим, ова е полуфинале, и нема да биде лесно за никого“ – изјави Манчини.

Дуелот Италија-Шпанија на Вембли започнува од 21 часот.