четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 123 возачи на мотоцикли

Казнети 123 возачи на мотоцикли

Во текот на вчерашниот ден (05.07.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 123 возачи.

Од нив, 31 возеле без возачка дозвола, 70 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, четири мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.