четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар го сака Меси во финалето

Нејмар го сака Меси во финалето

Најзвучното име во селекцијата на Бразил на Копа Америка, Нејмар, има голема желба за противник во големото финале, каде што „кариоките“ се пласираа со ноќешната победа против Перу (1-0), а тоа е – селекцијата на Аргентина.

„Гаучосите“ вечерва треба да ги одмерат силите против Колумбија, по што ќе се види дали ќе се оствари желбата на ѕвездата на ПСЖ, чија главна причина за тоа е сакањето да се „пресмета“ на теренот со Лионел Меси.

„Сакам да играм против Аргентина. Таму имам многу пријатели и секако дека ќе навивам за нив. Моја желба е финале против Меси во кое на крајот ќе победи Бразил“, изјави Нејмар.

Поранешниот член на Барселона на годинешната Копа Америка постигна два гола, а беше асистент на победничкиот погодок на Пакета за триумф против Перу.