четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Само еден клуб има претставник во сите четири полуфиналисти на ЕП

Само еден клуб има претставник во сите четири полуфиналисти на ЕП

Преостанаа уште три натпревари од 16. Европско фудбалско првенство. Денес и утре на програмата се полуфиналните средби на „Вембли“, каде ќе се сретнат Данска со Англија и Шпанија со Италија.

Тоа значи дека бројни фудбалски ѕвезди остануваат во борбата за престижниот трофеј, а интересно е тоа што само еден европски гигант има по најмалку еден претставник во најдобрите четири селекции на континенталниот собир.

Освојувачот на Лигата на шампионите, Челзи, во своите редови ќе има и фудбалер со златен медал и од Европското првенство. Цезар Аспиликуета е незаменлив на десната бековска позиција на Шпанија, Кристенсен е столбот на одбраната на Данска, Жоржињо и Емерсон ги бранат боите на Италија, додека Мејсон Маунт, Бен Чилвел и Рис Џејмс го носат дресот на Англија.

Полуфиналната фаза ќе ја отворат Шпанија и Италија, додека в среда ќе се сретнат домаќинот Англија со Данска.