четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо за пеналот на Стерлинг: Да бев на местото на Саутгејт, ќе имав само една порака за данскиот селектор

Мурињо за пеналот на Стерлинг: Да бев на местото на Саутгејт, ќе имав само една порака за данскиот селектор

Второто полуфинале на Европското првенство ни го донесе и вториот патник во големото финале на „Вембли“, но понуди и многу реакции во јавноста поради начинот на кој беше решен тесниот меч меѓу Англија и Данска.

Клучниот момент се случи пред крајот на првото продолжение, кога Рахим Стерлинг се избори за пенал по еден минимален контакт со противнички играч, кој изгледаше преминорен и ситен за да се досуди најстрога казна. Тоа го заклучија и најискрените англиски аналитичари, но на нивното мислење се надоврза и Жозе Мурињо кој како аналитичар на Европското првенство, имаше што да каже.

Португалецот смета дека подобриот тим ќе игра во финалето против Италија, но да бил на местото на Герет Саутгејт, ќе имал само една порака за данскиот селектор Хјулманд.

– Англиските играчи беа фантастични и покажаа дека знаат да се носат во тешки ситуации. Направија пресврт и одлично се однесуваа под притисок и со гол негатива. Следи нов голем меч против Италија, а Италија е тим кој има многу поголем потенцијал од Данска. Не можам да го дочекам финалето на Европското првенство. Англија заслужи да победи, не сакам да бидам погрешно сфатен, но ќе бидам и реален.

– Како човек кој му припаѓа на фудбалот, многу сум разочаран што беше досуден пенал за Стерлинг. Можеби англиските фанови нема да се согласат со мене, но тоа никогаш не е пенал. Никогаш не се суди пенал за таква ситуација. Подобриот тим победи, но на вакво ниво, во полуфинале на Европско првенство, не можам да ја сфатам одлуката на судијата. Уште помалку го сфаќам ВАР системот, зошто не ја поправија одлуката на судијата. Ова никогаш не е пенал, ама баш никогаш. Ќе прифатев ваква победа и ќе ја ставев во џеб, но да бев на местот на Саутгејт ќе имав само една порака за данскиот селектор: Честитки за се она што го направи, ќе беше подобро да победам на друг начин! Главниот судија сигурно нема да спие мирно оваа ноќ, – анализира Мурињо во вклучувањето за „Ток Спорт“.