четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дејан Манасков во трка за најдобар играч на Веспрем

Дејан Манасков во трка за најдобар играч на Веспрем

Левото крило на репрезентацијата на Македонија, Дејан Манасков се наоѓа во трка за најдобар игра на тимот на Веспрем во изборот на фановите на овој клуб.

Манасков имаше добра сезона и беше меѓу најефикасните ракометари на Веспрем така што може уште еднаш да заврши највисоко при гласањето за играч на сезоната во клубот кој во последната сезона не ги исполни плановите.

Можете да гласате за Дејан Манасков на следниот ЛИНК.

Инаку, наградата „Карлос Перез“ на најдобриот ракометар на Веспрем му се доделува од сезоната 2009/10 кога Герго Иванчик беше прогласен за играч број 1 на клубот. Манасков беше најдобар во сезоната 2017/18.

ОСВОЈУВАЧИ НА НАГРАДАТА КАРЛОС ПЕРЕЗ

2009/10-Герго Иванчик

2010/11-Дејан Периќ

2011/12-Габор Чазар

2012/13 -Ласло Наѓ

2013/14-Момир Илиќ

2014/15-Момир Илиќ

2015/16-Арон Палмарсон

2016/17-Мате Лекаи

2017/18-Дејан Манасков

2018/19-Петар Ненадиќ

2019/20-Петар Ненадиќ