четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Данците незадоволни: Тешко е ова да се прифати, ваква одлука на судијата…

Данците незадоволни: Тешко е ова да се прифати, ваква одлука на судијата…

Фудбалската репрезентација на Данска не може да се помири дека е елиминирана во полуфиналето од ЕП и тоа на доста контроверзен начин.

Англија успеа да реализира удар од белата точка во првото продолжение на „Вембли“, а тоа се покажа како клучно, но повеќето од спортските работници и добар дел од навивачите, сметаат дека пеналот е грешка на судијата и дека немало елементи за такво нешто.

„Пет секунди пред Стерлинг да протрча кон нашиот казнет простор, четвртиот судија требаше да ја прекине играта поради втора топка на теренот. Ова е навистина тешко да се прифати, во ред е да загубите натпревар, но на ваков начин е навистина тешко за прифаќање, бевме блиску до финале“, истакна Хјулманд, селекторот на Данска.

Данска имаше фантастично првенство, иако турнирот не го почнаа баш најдобро, со поразот од Финска, сепак некако подоцна успеа да ги мотивира моментот со Кристијан Ериксен и буквално да дојдат блиску до пласман во финале, кое на крајот не им беше овозможено поради контроверзниот пенал на Англија.