четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Што уште требаше за Англија да победи: Пенал, две топки на теренот, ласер во лицето на Шмајхел…

Што уште требаше за Англија да победи: Пенал, две топки на теренот, ласер во лицето на Шмајхел…

Навивачите на Англија на „Вембли„ синоќа не бираа средства за да им помогнат на своите фудбалери да изборат пласман во финалето на Еуро 2020. Освен што едно време на теренот се најдоа две топки, камерите го забележаа и моментот при изведувањето на пеналот на Хари Кејн во продолженијата, кога некој од трибините со зелено ласерско светло се обидуваше да го заслепи голманот на Данска, Каспер Шмајхел.

Додека голманот на Данска, Каспер Шмајхел се подготвуваше да го одбрани ударот на Кејн, на неговото лице се појави зелено светло. Многумина на социјалните мрежи претпоставуваат дека станува збор за навивач на Англија кој со ласер целеше во лицето на голманот, што предизвика негодување.

„Се надевам дека лицето што му светкаше со ласерско пенкало на Каспер Шмајхел е пронајдено и казнето. Одвратно однесување“, се само дел од пишувањата на социјалните мрежи.