четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

(ВИДЕО) Ливерпул го промовираше новиот дрес кој изгледа мошне интересно

(ВИДЕО) Ливерпул го промовираше новиот дрес кој изгледа мошне интересно

Екипата на Ливерпул денес претстави нов гостински сет на дресови.

Американскиот производител на спортска опрема Најк подготви навистина одличен дрес за тимот од Енфилд, што многу потсетува на некои минати времиња.

Фудбалерите на Ливерпул ќе имаат и јаки и копчиња, па овој дрес многу потсетува на обична маица.

Во редовите на англискиот великан тие се презадоволни од она што им го достави Најк и не го криеја тоа задоволство.

Изгледот на дресот е дефинитивно многу интересен и привлечен за очи.

Треба да се напомене дека новиот член на клубот, Ибрахим Коната, позираше со новиот дрес и беше откриено дека тој ќе го носи бројот 5 во дресот на „црвените“.