четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Стерлинг им одговoри на сите: Што се буните, ова беше чист пенал !

Стерлинг им одговoри на сите: Што се буните, ова беше чист пенал !

Рахим Стерлинг е еден од хероите на Англија, тој изнуди пенал за својата репрезентација, Данска беше поразена, а моментот за многумина е спорен и предизвика многу коментари.

Во акцијата по која беше досуден пенал, на теренот имаше две топки, Стерлинг изјави дека врз него имало прекршок и дека пеналот е исправно досуден.

„Дефинитивно имаше пенал, тоа беше исправна одлука, имаше старт врз мене и тоа беше очигледен и чист пенал. Не разбирам зошто се бунат“ – рече Стерлинг.