четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Момчето херој на Ливерпул против Барселона потпиша професионален договор (ВИДЕО)

Момчето херој на Ливерпул против Барселона потпиша професионален договор (ВИДЕО)

Изминатата сезона, младиот напаѓач во конкуренцијата до 18 години постигна четири погодоци на осум настапи.

Оуклу Канониер, момчето кое беше задолжено за фудбалските топки за реванш пресметката помеѓу Ливерпул и Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите, односно херој за „Редсите“, денеска потпиша професионален договор.

Добрите познавачи на фудбалот сигурно ќе се сетат на ова момче кое имаше фантастична реакција во голот за 4-0, дело на Ориги по асистенцијата на Арнолд, откако одбраната на Барселона „заспа“, а Кановер брзо и експресно ја додаде топката до Арнолд кој веднаш го изведе корнерот, за чудесен пресврт по поразот од 3-0 на „Камп Ноу“, по што следеше и победа над Тотнем во големото финале од сезоната 2018/19.

17 годишниот Канониер, кој инаку настапува како напаѓач, се приклучи на младинскиот погон на Ливерпул за играчи до 12 години по преселбата од Лидс, а доби пофалби од сите навивачи на „Редсите“ за тоа што го стори против Барселона.