четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Француските власти советуваат да не се патува во Шпанија и Португалија

Француските власти советуваат да не се патува во Шпанија и Португалија

Францускиот секретар во Министерството за европски прашања, Клеман Бон, ги советуваше граѓаните на Франција да избегнуваат летни одмори во Шпанија и Португалија поради ризикот од ширење на делта сојот на Ковид-19.

Министерството прецизираше дека патувањата во Шпанија и Португалија и каде било во Европа се слободна волја на граѓаните и дека власта дава само пријателски совети.

Шпанскиот министер за здравство предупреди дека младите можат да развијат тешки облици на коронавирусот и побара соработка во спречување на стапката на инфекција, која е двојно зголемена кај младата невакцинирана популација.

Само неколку недели по нивното отворање, ноќните клубови во источниот дел на Шпанија нема да работат повторно од петок со цел да се запре ширењето на делта сојот.