четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Англија заслужи, но не на ваков начин: Срамота е, деца ве гледаат!

Англија заслужи, но не на ваков начин: Срамота е, деца ве гледаат!

Некогашниот германски репрезентативец Дитмар Хаман, го прокомен тира пеналот за Англија во вчерашното полуфинале против Данска.

Пеналот беше крајно сомнителен според поголем дел на јавноста, а во тоа се вклучија и некогашни играчи, тренери, спортски работници и аналитичари.

„Класично пливање на Стерлинг, тоа беше срамна одлука на судиите. Разбирам дека морате да направите нешто што се бара од вас, но ова деца го гледаат. Секако, натпреварот беше одличен, но не сум сигурен дека сакате да го слушнете моето мислење“.

„Веројатно нема да ви се допаднат моите зборови, но тоа никако не беше пенал. Англија беше подобра и победи, заслужија, но тоа не беше пенал, немаше потреба да го судат. Повторувам, Англија беше подобра од Данска, но тоа што беше судено не беше фер. Не разбирам зошто таква одлука во полуфиналето на ЕП, уште помалку разбирам зошто судијата не гледаше ВАР снимка и не ја поништи одлуката“, истакна Дитмар Хаман.