четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ал-Келаифи: Рамос е еден од најголемите играчи во оваа ера, знам дека навивачите…

Ал-Келаифи: Рамос е еден од најголемите играчи во оваа ера, знам дека навивачите…

Францускиот прволигаш Пари Сен Жермен и официјално го потврди трансферот на Серхио Рамос.

Шпанскиот репрезентативец се одлучи да ја прифати понудата од „Паркот на принцовите“ и да стави потпис на договорот со важност до 2023 година.

Самиот Рамос порача дека му е драго што доаѓа во Франција во клубот кој има огромно амбции, а топло добредојде на стоперот му посака и претседателот, Насер Ал-Келаифи.

-Денеска, Париз му посакува добредојде на еден од најголемите играчи во нашата ера. Со задоволство можеме да објавиме дека Серхио Рамос е наш нов член. Серхио е комплетен фудбалер, еден од најдобрите дефанзивци во историјата на играта. Тој е роден натпреварувач, лидер и вистински професионалец. Неговото огромно искуство и амбиција е во совршена синергија со оние на клубот. Горд сум што го гледам во дресот на ПСЖ и знам дека нашите нашите ќе му резервираат фантастичен пречек, -истакна Ал-Келаифи.