петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ферги се присеќа: 10 години откако Зидан ни го грабна веќе договорениот фудбалер

Ферги се присеќа: 10 години откако Зидан ни го грабна веќе договорениот фудбалер

Воопшто не е тајна дека во минатото и Алекс Фергусон имаше „пик“ кон Рафаел Варан, уште пред да потпише за Реал Мадрид.

Францускиот интернационалец беше донесен од Зинедин Зидан во Реал Мадрид, за по една нецела деценија, Варан да ја докаже својата фудбалска вредност.

Ферги бил миленик на играта на тогаш младиот Рафаел Варан, но преговорите не успеале. Шкотскиот менаџер во својата автобиографија открива:

„Преговаравме со Ленс за трансферот на францускиот дефанзивец, бевме во напредни преговори, но тогаш дојде Зидан и некако успеа да го ангажира за Реал Мадрид пред нашиот нос“, тврди Алекс Фергусон.

28 годишниот Рафаел Варан, во 2011 година потпиша со Реал Мадрид, за тогашна сума од 10 милиони евра, а досега има одиграно 250 натпревари за Реал и постигнато 15 голови во сите конкуренции.

Зидан таа 2011 година беше помошник на Карло Анчелоти во Реал Мадрид.