четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Депај прифати 30% помала плата за да не му пропадне договорот со Барса

Депај прифати 30% помала плата за да не му пропадне договорот со Барса

Насоките од Ла Лига и УЕФА дека Барселона мора да намали околу 200 милиони евра за да не банкротира, ги натераа челниците да преговараат за смалување на платите на фудбалерите.

Свој мал придонес во ова даде холандскиот репрезентативец Мемфис Депај кој прифати место 7, да заработува по 5 милиони евра годишно, со цел да не пропадне неговиот договор во Барса. Сепак, јасно е дека „каталонците“ ќе мораат да продадат некоја од крупните ѕверки за да го избегнат најлошото.

Депај е едно од четирите засилување во Барселона ова лето. Дојде од Лион и се очекува во комбинација со Агуеро и Меси да биде главен во нападот на шпанскиот гигант.