понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не наоѓа изговори и да ја поддржи Резолуцијата во Собрание, неприфаќањето на истата е одење против ставовите на МАНУ и УКИМ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не наоѓа изговори и да ја поддржи Резолуцијата во Собрание, неприфаќањето на истата е одење против ставовите на МАНУ и УКИМ

СДСМ да не наоѓа изговори и да ја поддржи Резолуцијата во Собрание, таа е став на народот, неприфаќањето на истата е одење против ставовите на МАНУ и УКИМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата нагласуваат дека Резолуцијата која ја предложиле е сублимат на ставовите искажани од МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА.

-Резолуцијата нема зошто да го плаши ниту еден политичар во Македонија кој и мисли добро на државата, нејзините интереси и народ. Секој оној кој се води од други побуди, а не од интересите на народот ќе има проблем со Резолуцијата.Македонија мора да има исцртани црвени линии, и тие мора да добијат институционален облик. СДСМ да не се обидува преку Собранието да ја кочи, зошто од тоа штета ќе има само Македонија. Очекуваме СДСМ да се надрасне себе си и сопствената деструктивност и да си остане на ветеното дека ќе ја поддржи Резолуцијата без изговори, се наведува во соопштението на партијата.

Време е за одговорност. Време е за Македонија за сите луѓе!

Најнови вести