четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Линекер: Немојте да ја исвиркувате италијанската химна

Линекер: Немојте да ја исвиркувате италијанската химна

Фудбалската асоцијација на Англија е под истрага за три случаи, а еден од нив е исвиркувањето на химната на Данска пред почетокот на полуфиналето. Во пресрет на натпреварот на англиските навивачи им се обрати Гери Линекер, легендарниот поранешен фудбалер и коментатор на „ББЦ“.

„Ако имате доволно среќа да добиете билет за финалето, ве молам, немојте да ја свиркате италијанската химна. Зошто? Под А: Таа химна е извонредна и вредна е да се слушне. Под Б: Тоа е проклето безобразно, без почит и крајно непристојно да се прави“, им порача Линекер на сонародниците.

Англиските навивачи на турнирот покажаа голема некултура бидејќи ги свиркаа сите протвнички химни, па оттаму и оваа порака на Линекер.