четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ракометарките на Македонија до 19 години на ЕХФ шампионатот стартуваа со победа

Ракометарките на Македонија до 19 години на ЕХФ шампионатот  стартуваа со победа

Репрезентацијата на Македонија за ракометарки до 19 години го стартуваше настапот на ЕХФ-шампионатот што се одржува во Скопје со победа, откако вчера лесно и убедливо ја совладаа селекцијата на БиХ со резултат 39-28.

Цврстата одбрана беше клучен фактор, од неа произлегоа бројни лесни голови на спротивната страна за лесна победа на стартот од овој шампионат.

Македонија е слободна на утрешниот дел од шампионатот, а нашите ракометарки в понеделник ќе го играат својот втор меч, против селекцијата на Фарските Острови.

Миновска со десет гола беше најпрецизна во нашиот табор, осум постигна Коларовска, седум имаше Јанкуловска, а Ризоска натпреварот го заврши со шест гола.