четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фабрегас со чудна честитка за Манчини ги налути Италијанците, па мораше да се објаснува (Фото)

Фабрегас со чудна честитка за Манчини ги налути Италијанците, па мораше да се објаснува (Фото)

Сеск Фабрегас навиваше за Англија во големото финале на Европското првенство, но поранешниот шпански репрезентативец и член на Арсенал и Челси експресно се јави по драматичниот расплет на „Вембли“.

Играчот за врска им ја честиташе втората европска титула на италијанските фудбалери, но сепак со својата посебна пофалба до селекторот Роберто Манчини успеа да ги налути фудбалските фанови од Апенините.

Популарниот Фабре во своето формулирање на реченицата посочи дека Манчини победил со „помалку квалитетен тим“, зборови кои подоцна мораше да ги објаснува по сериозните критики кои ги доби на Твитер.

– Секоја чест за Италија. Ти благодарам Манчини што не потсети и што ни покажа дека со помалку квалитетни играчи може да се освои голем турнир во модерниот фудбал. Англиски играчи и фанови, главата горе, направивте сите да бидат горди, – порача Фабрегас кој подоцна даде образложение.

– Малку квалитетни фудбалери… всушност е комплимент! Но секако, на Твитер сите ја гледаат само погрешната страна од работите….