четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Не можат со Јувентус, ама можат со италијанската репрезентација

Не можат со Јувентус, ама можат со италијанската репрезентација

Една деценија го сочинуваат последниот одбранбен бедем пред голот на Јувентус, беа одвоени само една сезона кога Бонучи направи авантура во Милан, но брзо сфати дека не може без својот „брат“.

Исто толку време се надеваа дека ќе ја освојат титулата во Лигата на шампионите и ќе го прекинат долгиот пост на Јувентус во елитното натпреварување кој трае веќе 25 години. Никако не успеаја во тоа, во 2015 и 2017 година стигнаа до финалето, но прво подобра од нив беше Барселона, а потоа и Реал Мадрид. Проклетството не го скрши ни Кристијано Роналдо со кого Јуве беше уште послаб, па не успеа да ја помине ни четвртфиналната фаза, а два пати беше елиминиран во осминафиналето.

Сето ова синоќа им се врати на Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи. Веројатно најпознатата стоперска двојка во историјата ѝ ја донесе на Италија втората европска титула, прва по 1968 година. Дури, Бонучи го постигна голот за израмнување во финалето и го однесе мечот во продолженија.

Многу веројатно ова ќе биде последно европско првенство за двајцата ветерани бидејќи Бонучи има 34, а Кјелини идниот месец ќе наполни 37 години. И покрај се, барем ќе си заминат како шампиони, како легенди какви немало многу во италијанскит фудбал.