четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кјелини и Бонучи со импресивна статистика, Џорџо ја потврди со стартот над Сака (Видео)

Кјелини и Бонучи со импресивна статистика, Џорџо ја потврди со стартот над Сака (Видео)

Италијанската фудбалска репрезентација го освои Европското првенство со игра поради која заработи многу комплименти од фановите, а за стабилноста на одбраната се грижеа Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини.

Искусните дефанзивци заедно имаат 70 години, но тоа не ги спречи да бидат вистински столб во одбраната на Роберто Манчини, а својата сигурност ја потврдија и на вчерашното финале против Англија.

Интернет платформата за фудбалска статистика „Squawka“ извлече интересен податок за настапот на тандемот на Јувентус на Европското првенство, а во него се вели дека тие не дозволиле ниту еден дриблинг или грешка, по која противникот упатил удар кон голот на Донарума.

Дури и во моментите кога ќе направеа ретка грешка, наоѓаа решение, нешто што се гледа од примерот со Кјелини кој вчера не дозволи Сака да мине покрај него откако направи лоша проценка покрај аут-линијата.