четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Италија во транс, фановите цела ноќ ја славеа титулата

ВИДЕО: Италија во транс, фановите цела ноќ ја славеа титулата

Италијанците на титулата чекаа цели 53 години.

Фудбалерите на Италија се нови европски шампиони, а за успехот да биде поголем, тие во финалето ја победија Англија на нивниот „Вембли“.

Откако Донарума го одбрани пеналот на Сака во петтата серија, настана вистински хаос во Италија, на „Вембли“ но и низ целиот свет.

Во Рим неколку десетици илјади фанови излегоа на улиците за да ја прослават титулата, исто беше и во Милано како и во секој поголем град во Италија.

Сите беа во транс, од автомобилите се слушаа само сирени, италијанските знамиња се виореа од прозороите, а песни се слушаа од секој балкон или тераса.