четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бонучи јавно им порача на Англичаните: Фудбалот се враќа во Рим (ВИДЕО)

Бонучи јавно им порача на Англичаните: Фудбалот се враќа во Рим (ВИДЕО)

„Фудбалот се враќа дома“ беше слоганот од Европското првенство 1996 година, кој англиските фанови си го присвоија и за овој шампионат. Сепак, поразот во финалето од Италија на „Вембли“ по изведување на пенали, ги натера Твитер сеирџиите да го преименуваат слоганот во „Фудбалот се враќа во Рим“.

Познатата фраза стана хит и меѓу италијанските фудбалери, па Бонучи директно во камера им порача на сите гледачи дека титулата доаѓа во Рим, а не останува дома (во Лондон).

Славјето на Бонучи по последниот судиски свиреж:

Дефанзивецот на Јувентус беше прогласен за играч на натпреварот против Англија, а многу веројатно и ќе се најде во идеалниот тим на Европското првенство.