понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Порака од Манчестер до разочараниот Рашфорд: Тој еден удар…

Порака од Манчестер до разочараниот Рашфорд: Тој еден удар…

Маркус Рашфорд беше еден од играчите кои промашија пенал за Англија ноќеска во големото финале на „Вембли“.

Италија успеа да го освои европскиот трофеј, а за Англија останува да жали за фантастичната шанса да го подигне овој трофеј пред очите на домашните гледачи.

Поради тоа што критиките се дел од спортот, а ги има многу, а освен тоа има и многу расизам кон играчите кои ноќеска промашија пенал, за Рашфорд стигна утешна порака од неговиот клуб.

„Еден удар нема да те дефинира како играч или личност Маркус, запамти го тоа. Со нетрпение те очекуваме да се вратиш дома“, стои во пораката на Манчестер Јунајтед.