Англија не успеа да го искористи домашниот терен на „Вембли“ и загуби во борбата за европската титула против Италија, која беше поуспешна по пеналите.
Социјалните мрежи се полни со реакции по победата на тимот предводен од Роберто Манчини. Интересен „твит“ беше споделен, кој датира од 22 февруари 2013 година.
Навивачот напиша дека Англичаните ќе загубат во финалето на ЕП 2020 од Италија, а погоди дека и мечот ќе заврши по шутирање на пенали.
Џанлуиџи Донарума беше херој на Италијанците, бранејќи три пенали во низа на противничките фудбалери.
This fan predicted the Euro 2020 final in 2013 🤯
(via @lawsyitfc) pic.twitter.com/Pvmk3vsGJx
— ESPN FC (@ESPNFC) July 11, 2021