четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Буфон го кани Донарума во Јувентус

Буфон го кани Донарума во Јувентус

Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон изјави дека не може да го советува талентираниот голман на Милан Џанлуиџи Донарума, каде да ја продолжи кариерата, но му упати покана да допјде во Торино.

– Не можам да му даде совет, бидејќи јас не знам во каква ситуацијата е во Милан. Само ќе кажам дека ако се одлучи да го смени клубот, Јувентус никогаш не е погрешна опција.

Во последно време многу се зборува за Донарума, иако тој по многу проблеми оваа година го продолжи договорот со Милан, се шпекулира дека наскоро ќе си замине од „Сан Сиро“.

Буфон е пред завршување на кариерата, па останува да се види дали него на голманската позиција во Јувентус ќе го наследи Донарума.