четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реакцијата на принцот Џорџ за поразот на Англија стана хит на интернет ФОТО

Реакцијата на принцот Џорџ за поразот на Англија стана хит на интернет ФОТО

Принцот Џорџ се појави на финалниот натпревар на Европско на Вембли со мајка му и со татко му и веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Како што натпреварот се комплицираше за Англија така и Џорџ се повеќе се муртел, а неговите изрази на лицето станале мимови. По победата на Италија, Џорџ очигледно не бил среќен, а во еден момент морало да го теши и татко му Вилијам. Тоа пак, ги натажи англиските твитерџии.

„Тагата на лицето на принцот Џорџ ја претставува цела Англија“, е еден од коментарите.

Коментарите се нижеле, но дефинитивно е дека во костумот малиот принц го украде целото внимание на натпреварот.

„Принцот Џорџ уште еднаш го фати расположението на нацијата“

 

ФОТО: EPA-Frank-Augstein-POOL