Вчера на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и санкционирани 12 прекршоци од кои 7 во Тетово и 5 во Гостивар.
Најмногу од прекршоците се однесувале на некористење на заштитен шлем, односно кацига. При контролата, исто така, биле санкционирани и 11 други видови прекршоци.