петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Киелини ги воодушеви сите на пречекот: Се сети на трагично починатиот Астори и испрати порака до Англичаните

Киелини ги воодушеви сите на пречекот: Се сети на трагично починатиот Астори и испрати порака до Англичаните

Италијанската репрезентација рано утринава слета во Италија со трофејот наменет за европскиот првак. Најверните и најиздржливи фанови го дочекаа на аеродромот, како и пред влезот во хотелот, но вистинскиот дочек тргна во 17 часот.

„Ни бевте пред очите, ни бевте во срцата. Ја чувствувавме болката на кои патеа и тегобите на оние кои се фрлени на колена поради пандемијата“- им порача Киелини на фановите при слетувањето.

Процедурата започна во 17 часот со посета на Квириналската палата во Рим, резиденцијата на италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Главна ѕвезда меѓу златните италијански фудаблери беше Џорџо Киелини, кој на приемот кај првиот човек на Италија упати неколку емотивни изјави.

„Драг претседателе, дозволете да ви се заблагодарам во име на целата репрезентација што бевте присутни на Вембли во текот на финалето. Поради тој важен гест би сакала оваа победа да ви ја посветиме вас и на сите навивачи кои не следеа во чекор, не оставајќи не сами на преубаво патување“– изјави Киелини

Капитенот потоа се сети на починатиот фудабалер на Фиорентина и репрезентативец на италија, Давиде Астори.

„Би сакал овој триумф да му го посветам и на Давиде Астори, засекогаш присутен во нашите мисли и срца, дури и на младите играчи кои за него само имаат слушнато. Оваа екипа и во тешките моменти срцето не го губеше, цело време ја ставаше групата пред индивидуалците. Единствено со тимска работа може да се стигне до големи резултати. Не се качивме на престолот затоа што реализиравме пенал повеќе од Англичаните, туку заота головите ги постигнавме ширејќи најголема вредност наречена пријателство.“

Киелини му честиташе и на финалистот на Вимблдон Матео Беретини.

„Го поздравуваме и нашиот Матео Беретени, го сметаме за член на оваа репрезентација и можам само да му кажам никогаш да не престане да сонува затоа што со него ќе биде ние и целата нација. Трофејот освоен во Лондон е и за него.“