четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Флорентиногејт“ во Мадрид: Касиљас и Раул се најголемите ѓубриња!

„Флорентиногејт“ во Мадрид: Касиљас и Раул се најголемите ѓубриња!

Шпанскиот портал Ел Конфиденсиал предизвика бура во Шпанија, откако објави прислушкувани разговори во кои во главна улога е актуелниот претседател на Реал, Флорентино Перес.

Во првиот дел од објавени разговори, Перес зборува за легендите на мадридскиот клуб Икер Касиљас и Раул Гонзалес кои си заминаа токму во неговото време. Раул си отиде во 2010 година, веднаш по првата сезона од враќањето на Перес, а Касиљас беше ослободен од обврските во 2015 година.

„Касиљас не е голман за Реал и никогаш не бил. Тој е нашиот најголем неуспех. Причината што го сакаат е што секогаш е отворен кон медиумите и навивачите и тие го бранат. Икер и Раул се најголемите ѓубриња во историјата на Реал. Раул е причината што си заминав во 2006 година, секогаш бил себичен и не може да се смета на него“, вели, меѓу другото, Флорентино.

Интересно е тоа што и Раул и Касиљас во моментов се дел од Реал. Раул е тренер на вториот тим, а Касиљас доби раководна функција иако Перес нема доверба во него.