четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рашфорд околу пеналот: Размислував само на едно нешто

Рашфорд околу пеналот: Размислував само на едно нешто

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, истакна како се чувствува откако го промаши пеналот во финалето против Италија.

Тој самиот смета дека по промашениот пенал, чувствува одредена грижа на совест, како да ги предал своите сонародници.

Рашфорд со објава на Инстаграм се осврна на тешката сезона и на малата самодоверба во финалето.

„Се охрабрував пред да шутирам пенал, но почувствував дека нешто не беше во ред. Размислував како да го шутирам, се обидов со бавен залет да добијам на време, сакав само да погодам, но за моја несреќа, резултатот на крајот не беше посакуваниот“.

Тој се осврна и на критиките и расизмот кој владее деновиве околу црномурестите играчи од Англија.

„Пеналот беше се што беше побарано од мене, јас можам да погодам пенал и во сонот, но зошто сега не успеав? Не постојат зборови со кои можам да опишам зошто. Јас сум Маркус Рашфорд, 23 години, црнец од Витингтон, од јужен Манчестер. Никогаш нема да се извинувам поради тоа што сум“, остро порака Маркус Рашфорд.