Италијанската фудбалска репрезентација чекаше долго за вториот трофеј на европските првенства, а последен голем успех на кој се радуваа „аѕурите“ беше триумфот на СП во 2006 година.
Еден од членовите на таа златна генерација беше Алесандро Дел Пјеро, кој 15 години подоцна работи како стручен коментатор за „ЕСПН“ и „Скај Спорт Италија“.
Легендата на Јувентус страсно ги следеше настапите на своите помлади сонародници и колеги, а стана хит со реакцијата по промашувањето на Сака.
Италија почна да го слави трофејот на ЕП, а Дел Пјеро заврши на колена во студиото.
Del Piero celebrating with a Fuck Yes is exactly what I need in my life 😁🇮🇹
— All JuveCast🎙(Alberto) 🏳️🏴 (@AllJuveCast) July 13, 2021