четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ПРВО ОГЛАСУВАЊЕ НА БРАНИСЛАВ ЛЕЧИЌ: Актерот проговори откако обвинителството ја отфрли кривичната пријава за силување

ПРВО ОГЛАСУВАЊЕ НА БРАНИСЛАВ ЛЕЧИЌ: Актерот проговори откако обвинителството ја отфрли кривичната пријава за силување

Актерот Бранислав Лечиќ прв пат се огласи во медиумите откако Вишото јавно обвинителство во Белград ја отфрли кривичната пријава на Даниела Штајнфелд против него.

-Засега не би сакал да коментирам ништо, затоа што официјално ги немам информациите. Ако им верував на медиумите и на другите, а не на законот, ќе помислев дека сум чудовиште. Вака и сега ќе го почитувам законот и ќе чекам официјално да ме известат, па ќе дадам изјава, рече Бранислав Лечиќ.

Причините за одбивање на кривичната пријава сè уште не се познати.

Актерката Даниела Штајнфелд најпрво во својот документарец откри дека е жртва на силување, а потоа јавно излезе со тврдења дека ја силувал „моќник од филмската индустрија“. Само неколку месеци подоцна, таа пријавила во полиција дека во 2012-та година била силувана од постар колега – инаку добро познат актер Бранислав Лечиќ.

И Лечиќ и Штајнфелд беа испрашувани во март во врска со тврдењата на актерката. Лечиќ ги негираше обвинувањата.

Во овој случај имаше затишје, а потоа актерката Мерима Исаковиќ обвини дка 1978 година, во времето кога биле колеги на Факултетот за драмски уметности во Белград, Лечиќ сексуално ја малтретирал. Таа рече дека е подготвена да сведочи против Лечиќ.