четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Интер се исплаши од тужба па го пушти Жоао Марио за беспари да се пресели во Бенфика

Интер се исплаши од тужба па го пушти Жоао Марио за беспари да се пресели во Бенфика

Жоао Марио е ново засилување на Бенфика, фудбалерот од средниот ред се пресели на „Естадио да Луж“ за беспари откако синоќа го раскина договорот со Интер.

Интер се раздели со Жоао Марио, но не онака како што се надеваше, „нероаѕурите“ се исплашија од тужба и останаа покуси за неколку милиони евра.

Откако со Бенфика беше договорен трансфер вреден 7,5 милиони евра, Спортинг се закани дека ќе бара 30 милиони евра, „лавовите“ веруваат дека имаат клаузула која им ја гарантира оваа сума доколку Жоао Марио се пресели во ривал од Португалија.

Интер и Бенфика се консултираа со неколку адвокати и на крајот решија да не ризикуваат ништо.

„Нероаѕурите“ синоќа со Жоао Марио постигнаа согласност за крај на соработката и раскин на договорот, па фудбалерот од средниот ред утрово беспари се пресели на „Естадио да Луж“. Бенфика го престави Португалецот како ново засилување со само една реченица на официјалната веб страна и видео на социјалните мрежи.