четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Сити и Челси во битка за Халанд, Кејн е втора опција

Манчестер Сити и Челси во битка за Халанд, Кејн е втора опција

Управата на Борусија Дортмунд е пред сериозно искушение, дали да го продаде Халанд ова лето за околу 100 милиони евра или да го задржи во своите редови.

Откако Јунајтед им го зема Санчо, Халанд сега повторно е на сцена откако Манчестер Сити и Челси испратиле први формални понуди за напаѓачот.

„Граѓаните“ се откажале од идејата да го купат Гризман додека Кејн е далеку од опција, барем според Гвардиола.

Челси се уште е во игра за Кејн но Халанд е поприфатливо решение, тврди островски „Телеграф“.

Неофицијално „Сините“ се фаворити за потписот на Халанд ако Борусија Дортмунд реши да го продаде ова лето.