Манчестер Јунајтед добил дозвола од Реал Мадрид да преговара со дефанзивецот Рафаел Варан, за условите за можниот траснфер.
Како што пренесува Скаj, ако Варан постигне договор за личните услови, управата на англискиот клуб веднаш би можел да почне преговори со Кралскиот клуб за цената на трансферот.
Како што се наведува, во Јунајтед сакаат да бидат внимателни, за да не им се повтори ситуацијата со Серхио Рамос од 2015-та година, кога добија информации дека тој фудбалер би дошол на Олд Трафорд, но набрзо после тоа потпиша нов договор со Реал Мадрид.
Варан има уште една година од договорот со Реал, па управата на Јунајтед ќе се обиде да го доведе што е можно поевтино.