четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Занети: Лаутаро Мартинез ми испрати смс по освојувањето на Копа Америка

Занети: Лаутаро Мартинез ми испрати смс по освојувањето на Копа Америка

Потпретседателот на Интер и легенда на клубот од „Џузепе Меаца“, Хавиер Занети, откри дека добил смс порака од аргентинскиот фудбалер Лаутаро Мартинез.

Успехот на Италија на ЕВРО2020 одекна силно во европски, но важен дел за останувањето на Мартинез во Интер може да биде и тоа што Аргентина го освои Копа Америка.

„Си разменивме пораки со Лаутаро Мартинез, среќен сум што тој е број 9 во нашата екипа. Го следам неговиот развој во Интер и можам да кажам дека сум среќен што го имаме. По освојувањето на Скудето, ми зборуваше дека е возбуден за претстојниот турнир во Копа Америка, во кое на крајот стигнаа до финалето и го освоија, па среќен сум за него“, истакна Хавиер Занети.

Ваквиот став на Занети дава за право сите „нераѕури“ да се надеваат на останување на аргентинскиот фудбалер, за кој имаше поприлично голем интерес, од Барса, Реал и Манчестер Сити.