Алжирецот Валид Хамиди (24) и Сенегалецот Мухамаду Бери (22) се нови фудбалски имиња во редовите на Шкупи, соопшти попладнево македонскиот вицешампион.
– Среќен сум што дојдов во овој клуб и мојата порака до навивачите е дека ќе дадам сè од себе да имаме успешна сезона, изјави Хамиди за клупскиот сајт.
Двете најнови странски засилувања ќе бидат во конкуренција за настап на задутрешниот реванш-натпревар од 1. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига против косовскиот претставник Љапи, на кој Шкупи ќе ја брани предноста од 2:0 од првиот натпревар во Скопје.