На 13.07.2021 околу 19.00 часот Полициска станица Ресен било пријавено дека на плажата во Сливница, во водите на Преспанското Езеро бил пронајден удавен 66 годишен скопјанец.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа на Полициска станица Ресен.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на семејството, соопштија од СВР Битола.