четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџер од Штип ќе одговара за убиство во обид, детали за страшниот настан

Тинејџер од Штип ќе одговара за убиство во обид, детали за страшниот настан

Oсновното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 19 години од Штип за кривично дело – Убиство во обид при вршење на семејно насилство.

На 13 јули попладнето осомничениот дошол во Велес заедно со својата вонбрачна сопруга во куќа во која живеел под кирија.

Помеѓу нив настанала вербална расправија, при што осомничениот со нож на преклопување ја прободел оштетената три пати и тоа во десната страна на слабината, десното колено и левата потколеница, нанесувајќи и на тој начин телесни повреди, по што заминал од куќата.

Велешкото обвинителство до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот.

Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​