четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

За четири часа во Куманово казнети 54 возачи

За четири часа во Куманово казнети 54 возачи

Денеска (14.07.) во периодот од 08 до 12 часот на подрачјето на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 54 возачи, од кои двајца возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.