среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Како ќе изгледа „дрим-тимот“ на ПСЖ следната сезона?

Како ќе изгледа „дрим-тимот“ на ПСЖ следната сезона?

ПСЖ направи неверојатни потези на трансфер-пазарот и успеа да бесплатно да доведе три големи имиња, Рамос, Вајналдум и Донарума, а на нив мора да се надодаде откупот на договорот на Ашраф Хакими.

Парижани ги искористија сите слободно опции и реално мора да се нагласи дека направија супер-тим за следната сезона. Со по неколку квалитетни опции на сите позиции од теренот, Маурисио Почетино ќе биде на „слатки маки“.

Потенцијален прв состав:
Донарума; Кимпембе, Рамос, Маркињос, Хакими; Верати, Вајналдум; Нејмар, Ди Марија, Мбапе; Икарди.

Оваа екипа навистина изгледа импресивно, има неколку супер-ѕвезди во неа и со право ќе го понесе епитетот „дрим-тим“. Комбинацијата на младост и искуство, се одлични за амбициите на ПСЖ. Целта е конечно да се дојде до трофејот во Лигата на шампионите, но мора и да се „обели образот“ во Франција, каде што ја загубија титулата од Лил.

Иако веќе тимот е преполн со ѕвезди, ПСЖ сè уште е активен на трансфер-пазарот и се интересира за играчи како Тео Хернандез, Пол Погба…