вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Гризман разочаран од Барселона, не сака да ги започне подготовките со актуелниот клуб

Гризман разочаран од Барселона, не сака да ги започне подготовките со актуелниот клуб

Антоан Гризман во моментов е на заслужен одмор кој го почна по елиминацијата на Франција од Европското првенство, но истиот веројатно му минува во разрешување на актуелната ситуација со Барселона.

Французинот наводно е дел од најавената размена со Саул, според која треба да се врати во Атлетико Мадрид, а дел каталонски медиуми велат дека поради тоа не сака ни да се врати на тренинзите на Барселона.

Гризман бил разочаран од раководството на Барселона кое очигледно нема верба во неговите квалитети и преговара да го врати во Атлетико, па токму поради тоа нема да сака да ги започне подготовките со актуелниот клуб.

Главен адут на Барса во оваа размена е што ќе се откачи од големата плата која ја добива Гризман и која е многу поголема од тоа што може да го бара Саул од клубот.

Барселона мора да го намали трошокот за плати за да ги регистрира новите засилувања и да го реализира новиот договор со Меси, а останува да се види дали навистина Гризман ќе биде „жртвуван“ и дали ќе се појави во тренинг центарот на 20. јули.